Сопругот на новата “железна леди” заработувал од компании кои учествувале во затајување на данок
Релативно непознат инвестициски фонд, каде сопругот на идниот премиер на Велика Британија Тереза Меј Филип работи како виш директор е една од најголемите и моќни финансиски институции во светот и има 1,4 трилиони долари капитал, пишува The Independent
Во портфолиото на фондот присуствуваат 20 милијарди во акции на “Амазон” и на “Старбакс”, две компании кои се наведени од идниот премиер во нејзината закана да се справи со затајувањето на данок.Неодамнешните откритија на властите на САД покажуваат дека со седиште во Лос Анџелес “Капитал груп” е сопственик на акции во голем број компании како инвестициска банка “Џ.П.Чејс”, одбранбениот гигант “Локхид Мартин”, тутунската компанија “Филип Морис”, фармацевтската фирма “Мерк”, како и на авиокомпанијата “Рајанеар”.
Компанијата, која не е добро позната надвор од финансискиот сектор потврди дека г-дин Меј – експерт за пензиски фондови, работи во канцеларијата на фондот во Лондон. “Филип Меј не е поврзан со нашите инвестициски студии”, изјави портпаролот на финансиската институција.
Истовремено компанијата во која тој работи работела со инвестиции во компании кои се критикувани за даночно затајување и кои беа споменати од Тереза Меј. “Треба да зборуваме за даноци. Не е важно дали сте “Амазон”, “Гугл” или “Старбакс” – имате обврска да одделувате нешто ,имате долг кон сограѓаните, имате одговорноста да се плаќаат даноците.Како премиер ќе се борам против даночното затајување “, изјави Меј.