Грција и денеска ќе остане без возови поради 24-часовен штрајк на железничарите кои протестираат против приватизацијата на две железнички компании.
Поради штрајкот нема да сообраќа метрото во Атина.
Во меѓувреме, во железничко-транспортниот оператор Треносе одлучија да ги продолжат протестите.
Товарните возови исто така нема да сообраќаат до недела.
Грчките железничари се противат на приватизациската политика на Владата и најмногу на продажбата на ж.т.о. Треносе за која понуда доставија од италијанските државни железници. зш/07:41