Синдикат на работници во трговијата: Внимателно со продажбата на Макпетрол

од desk3
80 прегледи

Синдикатот на работници во трговијата испрати барање до Комисијата за хартии од вредност во случајот со продажбата на Макпетрол да се провери компaнијата и кое лице навистина стои зад преземањето.

makpetrol_zgrada_od_strana_0

 

Во писменото барање, од Синдикатот, наведуваат дека на тоа се одлучиле поучени од досегашното искуство на пропаѓање и затворање на македонски компании, а Макпетрол АД Скопје е голема компанија која вработува повеќе од 200 луѓе. Во барањето понатаму се наведува дека компанија која има 1000 евра капитал не може да обезбеди средства за преземање на Макпетрол. Од Синдикатот се надеваат дека Комисијата за хартии од вредност кога ќе одлучува ќе ги земе предвид правата на работниците.

Слични содржини