(ВИДЕО) Павле Трајанов во „10 минути“ : Специјални одделенија и во МВР, Апелација и Уставен

од Vladimir Zorba
92 прегледи

trajanov

Треба да има одделенија за борба против организиран криминал и во МВР и во јавното обвинителство и во судот. И тогаш и сега има негативни коментари за механизмите за контрола е ставот на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и поранешен министер за внатрешни работи. Според него потребни се специјални судски и полициски одделенија во кои ќе работат професионалци,го пренесува неговиот став ТВ21.

„Специјалното јавно обвинителство се третира од страна на Владата како диво месо кое треба да се отстрани, мислам дека треба да има и специјално полициско одделение каде што ќе се вклучат најдобрите професионалци. Треба да има вакво специјално одделение и во Кривичниот суд и во Апелациониот суд и во Врховниот суд. Така што треба да биде тоа едно системско решение кое ќе гарантира висок степен на професионалност, транспарентност и одговорно работење“, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.

Слични содржини