Луѓето кои доцнат се креативни и успешни

од desk3
166 прегледи

 
Сите имаме по некој пријател или колега, кој постојано доцни на сите договорени средби или на работното место.

images

Ваквите луѓе по правило се сметаат за безобразни, вообразени и себични, но како што објави „Бизнис Инсајдер“, тие всушност се прикрасни личности, кои ги карактеризира оптимизам, креативност и успешност, како во приватниот живот, така и на работа.

Според порталот, овие луѓе доцнат поради нивниот оптимиситчки став дека „имаат повеќе време“, поради што живеат полежерно, што пак им создава можност за поголема креативност и успешност во животот.

Иако за ваквите тврдења засега нема научен доказ, сепак тие најверојатно ќе ги воодушеват оние кои ги излудуваат своите блиски со постојаното доцнење. /МИА