Не завршува ! Пучистите презедоа воен брод , Ердоган со СМС порака го повикува народот на улица

од desk3
79 прегледи

 

Грчки воени извори денеска онјавија дека турска група која се спротиставува на Владата во Анкара презела контрола над фрегата во турската поморска база Голчук.

Грчки извори тврдат дека е киднапиран и командантот на турската фрегата.

images (1)

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак денеска испрати СМС порака до претплатниците на турските мобилни мрежи, со која ги повикува да излезат на улица и да се спротистават на помал дел од воениот врв.

Тој во пораката исто така ги повикува граѓаните на Турција да „станат во одбрана“ на демократијата и мирот.

Турската Влада стравува од нов обид за воен удар

Пораката е потпишана со целото име на турскиот претседател, а како испраќач се наведува „РТ ЕРДОГАН“.

Претходно, Ердоган преку Твитер ги повика граѓаните да останат на улица со цел да спречат нов обид за воен удар./МИА

Слични содржини