Сигнал за нов бунт на војската во Анкара ги извади луѓето на улица

од desk3
105 прегледи

 

Градоначалникот на Големата општина Анкара Мелих Гокчек сигнализира за ново раздвижување на тенкови и на Твитер го повика населението да се спротивстави, јави дописникот на БГНЕС.

tenk
На социјалните мрежи пораката за можен повторен обид за преврат се шири светкавично и пред корпусот на моризираните и оклопните единици и тренинг центар на дивизиската команда се собраа стотици жители.

Новинарот Зоран Божиновски и официјално обвинет за шпионажа, уцена и злосторничко здружување

“Сите веднаш да се соберат во паркот Къзлај. Во Анкара во реонот на Етимескут има ново раздвижување. Херои на демократијата, одете да го исполните долгот! “, напиша Анкарскиот градоначалник. Товарни камиони и цистерни беа испратени пред воената база и ги затворија сите влезови кон неа. Жешки часови доживеа и Истанбул, каде по сличен сигнал локалните жители ги затворија влезовите на воен центар во реонот Хабиблер со камиони, а полицијата го опколи местото. / БГНЕС

Слични содржини