И синоќа партиските преговарачи ја напуштија резиденцијата на американскиот амбасадор на Водно. Договор- нема, или со други зборови нема ништо ново. Главните преговарачи Радмила, Груби , Никола и Имери, ја оддржуваат кондицијата во застапување на партиските ставови
Амбасадорот на САД Џес Бејли во чија резиденција се одвиваа преговорите, изјави дека очекува решение за кризата да биде постигнато до крајот на оваа недела.
– Вечерва не можам да ви кажам дека имаме договор. Можам да ви кажам дека имаме интересни нови идеи на маса. Слично како и мјинатиот петок, овој договор е многу важен за дежавата, за ЕУ и за САД. И затоа ние сакаме да ги согледаме сите можности за да бидеме сигурни дека ќе најдеме начин за придвижување напред. Затоа ги земаме предвид овие идеи, ги разгледуваме, и ќе продолжиме утре, изјави Бејли
И тој како и Орав најавува оптимизам, но нема финале, во овој тим преговарачи и ваков пакет. Стануваат ирелевантни и темите за кои се спорат, бидејќи ако не бидат тие власта ќе измисли некои други сопки и пак ке се купува време. Јасно е дека ВМРО ДПМНЕ не се одлепува од крајната цел избори не сега туку во март , односно потоа лепење со локални избори и враќање колку толку на загубениот рејтинг, а СДСМ неможе да се одлепи од примерноста и послушноста кон странците. Притискаат и „шарените ‘ но трпеливоста на граѓните и покрај одморските ладења е сосема на крај. Сепак на кондиција паѓаат сите а најмногу ЕУ и странците кои на крајот на денот ќе поддржат каков таков договор за да се фокусираат на сопстевините маки со Брегзит и новите …егзити, со порастот на теророт што на Ердоган што на Исламска држава, и разулавените и новоразбудени џихадисти , кои се почесто ја растресуваат Европа.
Немањето концепти и храброст за уште еден чекор напред , глумењето решенија и преговори на крајот сите ќе не удри по глава. Тоа е се повеќе можен крај и епилог по преговарачката сапуница и парада, со амин на странците, најлошото по изгубеното време и покажаната упорност, убиственото за подемот на пркосењето пред моќта на власта и несекојдневниот порив за вистински граќански промени
И покрај сиот оптимизам , кој сега само ја смени локацијата од дворот на ЕУ во дворот на САД, ако во текот на неделава партиите не постигнат договор за минималниот пакет услови за фер-избори, пропаѓа можноста тие да се одржат до крајот на ноември или почетокот на декември. Се друго е само вмровскиот концепт за влечење и одлагање, се до спојување со локалните избори, каде ќе се продаваат кружните текови, патчиња и асвалтирани сокачиња , канализација и по некој трактор за послушните , повторно субвенционеран од државата, или партијата како сакате , ама тоа во оваа време ти е едно исто- нешто слично како Никола и по никола, Никола!
Ад