Поранешениот хрватски премиер Манолиќ се ожени на 97 години

од desk3
69 прегледи

 
Поранешниот хрватски премиер и некогашен југословенски разузнавач, 97-годишниот Јосип Манолиќ се ожени со неговата 37 години помлада „девојка“ Мирјана Рибариќ, јавија денеска хрватските медиуми.

josip-manolic-1468864498-952651

Двојката заклучила дека повеќе не треба да живеат невенчани и затоа се регистрирале. Меѓутоа, сепак тие не планираат да одат на меден месец.

Првата сопруга на Манолиќ, Марија Екер Манолиќ, загина во пожар во 2003 година на 82-годишна возраст.

Манолиќ е еден од основачите на Хрватската демократска партија (ХДЗ) и близок соработник на првиот претседател на независна Хрватска, Фрањо Туѓман.

Денес, тој е во пензија и не се занимава со политика. /МИА