Каевски: Секретарката на полициски началник со пушка се весели на свадба, уште колкумина вакви има?

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Потпретседателот на СДММ, Дарко Каевски презентираше фотографии за кои кажа дека “вработената во СВР Битола, Марија Ристовска Калешковска, по потекло од с. Долно Српци Битолско, не само што се фотографирала со пушка, туку со помош на татко и таа на веселбата и рафално пука“.

Пушката, според информациите што ги имаме е формациско оружје на полицијата и војската и за неа граѓаните не можат да добијат дозвола за поседување и носење.

Но тоа очигледно не важи за нововработената секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, Зоран Дуковски, Марија.

Според информациите што ги имаме, Марија Ристовска Калешковска е тазе вработена, пред извесно време добила и решение за работа во СВР Битола, веднаш по завршувањето на средното економско училиште.

Таткото на невестата кој и ја придржува пушката е еден од главните координатори на ВМРО-ДПМНЕ за битолскиот регион и многу близок соработник на Никола Груевски.

Свадбата на вработената во МВР Марија Ристовска Калешковска, на којашто таа пука со оружје на полицијата и војската се случила минатиот месец.

Бараме од МВР и од СВР Битола да објаснат од каде таква пушка се нашла на свадба на вработена во полицијата.

Уште колкумина во МВР располагаат со службено оружје за приватни цели?

Слушнавме од проектот Вистината за Македонија каков пример им давал на вработените во МВР тогашниот директор на УБК, Мијалков кој според снимките дава наредба или самиот рафални пукал по кафеани и веселби, рече Каевски.

 

Внатрешната контрола ќе го испитува случајот со невестата со пушка вработена во МВР

Tetovo-policija.jpg

Секторот за внатрешна контрола ќе го испитува случајот со секретарката на началникот на униформираната полиција на СВР Битола, за која денеска СДСМ обвини дека пукала со пушка на својата свадба, потврди за „Мета“ портпаролката на битолската полиција, Сања Стаматова.

– Пред извесно време ја видовме фотографијата и внатрешната контрола го презеде случајот. Тие ќе одлучат што понатаму – ни изјави Стаматова.

Потпретседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Дарко Каевски, денеска на прес-конференција објави фотографии од невеста со автоматска пушка, за која тврди дека е нововработената секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, Марија Ристовска-Калешовска, како пука на својата свадба.

– Ќе беше спорно за која било невеста да се весели на сопствената свадба со пушка. Но, овде уште станува збор за вработена во СВР Битола! Од оваа фотографија може да се види дека Марија Ристовска-Калешковска, по потекло од селото Долно Српци, Битолско, не само што се фотографирала со пушка, туку со помош на татко ѝ, таа на веселбата и рафално пука – рече Каевски.

Тој посочи дека, според нивните информации, станува збор за формациско оружје на полицијата и на војската, за кое граѓаните не можат да добијат дозвола за поседување и за носење.

Слични содржини