Голем дел од генералите во неуспешниот обид за преврат во Турција се етнички Албанци, пишува Shqiperiaime.al.
Според изданието главниот виновник за бунтот генерал Акин Јозтурк е по потекло од Косовска Митровица.
Уапсениот командант 2-ри армија, генерал Адем Хајдути, е роден во 1952 година на Косово, во селото Речај, во регионот на Призрен. Неговото семејство се преселило во Турција, кога имал едвај пет години.
Пред да ја преземе командата на армијата, генерал Хајдути последователно бил командант на турскиот контингент на мировните сили во Авганистан, а потоа на делови од границите со Русија и Грција.
Меѓу обвинетите е и воениот пилот Јусуф Курт, кој го урна рускиот авион и е по потекло од село Букороц, крај Призрен.
Од албанско потекло е и генерал-потполковник Метин Идила, а меѓу првично приведените 29 полковници и 5 генерали има уште 25 етнички Албанци.
