Градоначалникот на Големата општина Истанбул Кадир Топбаш издал наредба за изградба на одделни гробишта за убиените војници- предавници, кои го извршиле обидот за преврат.

Истанбулската општина ќе оддели посебна парцела каде ќе бидат закопани „предавниците“, кои се убиени при обидот за преврат, јави „Хуриет Дејли Њуз“.
Градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш изјави дека наредбата е поттикната од фактот, што на некои гробишта нема да биде дозволено во нив да бидат погребани заговорниците, кои го организираа пучот. „Гробишта на предавниците“, е називот, со кој ќе биде наречено местото, каде ќе бидат положени посмртните останки на пучистите.
– Минувачите ќе ги проколнуваат погребаните на тоа место и тие нема да почиваат во мир во своите гробови, нагласи Топбаш
Веста за специјалниот терен за педавниците градоначалникот ја соопшти на митинг на плоштадот “Таксим” под наслов “бранители на демократијата”, доцна во средата, нарекувајќи го “гробишта за националните предавници”. “Дури и ѓаволот не би се сетил дека е можно свои да се соочат со оружје против свои. Ова дело на терористите останува во историјата како Фетошизмот / име на Фетхуллах Гулен и кратенката на неговата група FETO, бел.авт. /. За овие луѓе градоначалникот на Орду не определува терен, нивните блиски беа принудени да ги погребуваат мртовците во дворовите и градините и јас го поздравувам тоа.
Нема да дозволам да ги погребуваат и во паркот за самотници без блиски “, изјави Топбаш на митингот. Тој препорача на посетителите на “Гробиштата за националните предавници” да читаат на волја молитви за проклетство, за да не се најдат никогаш мир овие предавници. “А и тие нема да се ослободат од пеколот, со наша помош и гробовите ќе им се видат тесни”, нагласил градоначалникот.