(ВИДЕО) Насилници решаваат да истепаат велосипедист, но наидоа на полоши од нив

од desk3
85 прегледи

Вистински акција успеа да сними случаен минувач во Москва, а видеото стана апсолутен хит. Велосипедист му пресече пат на луксузен џип Порше Кајен. Оттаму излегуваат неколкунасилници кои сакаат да го “превоспитаат

0268059001469520966_552817_600x458

Руските насилници (подоцна се покажаа со кавкаски потекло) сепак немаа среќа . Поради запрениот од нив џип среде улицата “Липецкаја”, се оформува метеж, а веднаш зад нив запира друг џип – Тојота Ландкрузер. Не се слуша, но изгледа од Тојотата почнува да свири бидејќи еден од насилниците се приближува со очигледна намера да ги превоспита и оние од џипот. Во истиот момент, сепак од комбе со затемнети стакла зад Тојотата излегуваат неколку луѓе со кратки десантни автомати. За секунди насилниците се неутрализирани и напъикани во комбето, а еден од оние со автоматите се качува во Поршето и го стартува. Трите автомобили исчезнуваат во непознат правец. Потоа станува јасно дека насилниците имале лоша среќа да се судрат со моторизираната придружба на сопругот на познатата руска актерка и телевизиска водителка Ксенија Бородина. Што е судбината на кавкаските насилници и Поршето не е познато.