Кој ќе се пуфка со фармерките на Шерон Стоун и Клаудија Шифер

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Холувдски ѕвезди прават донација за сиромашни,и  собраа голема сума

фармеркаГолем број на холивудски личности се вклучија во акцијата “Фармерки за бегалци”, во рамките на која личности како Шерон Стоун, Елтон Џон и Бенисио дел Торо донираат свои фармерки, сумата од продажбата оди за потреба  на мигрантите. Парите се преведуваат на организацијата Меѓународен комитет за бегалци.
Кампањата е по идеја на американскиот уметник и дизајнер Џони Дар. Ѕвездите донираат своите облеки, кои потоа се пуштаат на аукција на интернет сајт.

Во рок од само неколку часа фармерките на Шерон Стоун успеаја да соберат 5.000 евра, а оние на пејачката Пинк – 3000 евра, соопшти БГНЕС.

Меѓу другите познати личности кои донираат фармерки се и Мик Џегер, Ема Вотсон, Клаудија Шифер, Кејт Мос, Ел Макферсон, Викторија Бекам, Лили Ален, Ева Лонгорија, Одри Тоту и други.

“Светската криза со бегалците има влијание врз сите”, изјави дизајнерот Дар, кој посочи дека аукциската ќе трае до октомври и секој кој сака може да се вклучи.

Меѓународен комитет за бегалци е основан од Алберт Ајнштајн во 1933 година, за да им помогне на луѓето да избегаат од нацистичкиот режим во Германија.