Хемиска кастрација за силувачите во Турција

од desk3
98 прегледи

Турција воведе хемиска кастрација како казна за сексуални престапници, пишува “Хуриет дејли њуз”.

Законот стапи во сила од 26 јули и според него врз престапниците ќе може да се применува терапија која го намалува или отстранува сексуалниот нагон, додека се лишени од слобода или за време на контролниот период, ако бидат ослободени условно.

0000310396-article2
Промените ги обврзуваат сексуалните престапници да се вклучат во програми со цел лекување и забрануваат тие да живеат во реонот на живеење и работа на жртвите, како и да се приближуваат жртвите.

Криминалците, за кои ќе се определи хемиска кастрација, ќе бидат испратени во специјализирани болници. Ако одбијат, ќе им бидат наметнати дополнителни казни.
Новата мерка нема да се применува за лица под 18-годишна возраст.
Хемиската кастрација се врши преку инјектирање на хемикалии кои селективно го потиснуваат формирањето на полови хормони или го неутрализираат нивното дејство. Во некои земји, како САД, силувачите може да избегнат затвор, ако се согласат да бидат кастрирани по хемиски пат.
Хемиската кастрација не е неповратен процес. Тоа бара периодични инјекции за одржување на состојбата , а без тоа се враќа поранешната состојба на пациентот. Од 2011 година задолжителна хемиска кастрација за педофилите се применува и во Русија.