Шкотско Пони се протнало во паб, здравата се опијанило и требало да го вадат со мамење надвор во дворот , пишува весникот “Метро”. Минијатурното коњче Мочо живеело во дворот на гостилницата “Асколи армс” во селцето Грејвсенд во грофовијата Кент.Ненамерно нејзиниот сопственик ја заборавил отворена задната врата на локалот, кога завршил со клиентите. Токму преку неа се шмугнало коњчето и се нагостило со остатокот недопиените пијачки од клиентите – пиво и виски, БТА.
Кога го отворил во понеделникот наутро пабот, сопственикот Михаил Херчег го открил пијаното коњче. Тоа не сакало да се помести од гостилницата, па сопственикот бил принуден да го “поткупи” со чипсови и моркови за да го изведе надвор.
53-годишниот крчмар го поседувал помито 12 години. Тоа обично пиело вода, но секогаш било примамувано да проба од вискито и пивото. Сега му се послужи оваа можност, пишува таблоидот.
