Хан: Преговорите со Турција ќе бидат прекинати доколку има некоректен однос кон обвинетите за пуч

од desk3
115 прегледи

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја предупреди Турција дека преговорите за нејзино членство во ЕУ ќе бидат замрзнати доколку постои најмал сомнеж дека односот кон обвинетите за воен преврат е некоректен.

El comisario europeo de Política Regional, Johannes Hahn, mientras el presidente del Comité de las Regiones está dando su discurso sobre ayudas a las regiones

– Во таков случај последиците ќе бидат неизбежни, предупреди Хан во интервју за весникот „Зидојче цајтунг“.

Запрашан дали има смисла денес да продолжат разговорите за присоединување на Турција кон ЕУ, еврокомесарот одговори дека „тоа е легитимно прашање, кое секојдневно му се поставува“.

По неуспешниот обид за пуч на 15 јули повеќе од 16.000 лица се уапсени за време на чистките во армијата, судството, образованието и медиумите, што предизвика остри реакции од Европа и САД.

Истовремено Хан го поздрави договорот меѓу ЕУ и Турција за мигрантите, кој „го запре бегалскиот бран“ кон Западна Европа. /МИА

Слични содржини