Розберг ги освои квалификациите на домашното Гран При

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Пилотот на Мерцедес Нико Розберг ќе стартува од првата позиција на денешното натпреварување за Гран При на Германија, откако беше најбрз во вчерашната квалификација.

4971189На патеката во Хокенхајм Германецот, кој е поместен од првото место во генералниот пласман од Луис Хамилтон минатата недела, вртеле криг  за 1 минута 14.363 секунди, што беше најбрзото време на денот. Неговиот соиграч и главен конкурент за титулата Хамилтон направи грешка во третата фаза на квалификациите и на крајот мораше да се задоволи со втората позиција. Од вториот ред дендка  ќе стартуваат пилотите на Ред Бул Даниел Рикардо и Макс Верстапен, а од трети – соиграчите во Ферари Кими Раиконен и Себастијан Фетел.