Поделба на црквата од државата – да, но религијата не треба да се прогонува од јавниот домен. Инаку таму се отвора вакум, во кој би можел да влезе радикалниот ислам, коментар на ФАЦ.
Поделбата меѓу црквата и државата е едно од најголемите достигнувања на западната цивилизација. Борбата трае со векови, дури од просветителството во 18-тиот век, што го стави разумот над верата.
Франција, татковината на просветителството, го разви т.н. “републикански лаицизам”. Државата која се сметаше себеси за носител на прогресот, се обиде да ја оддалечи религијата од општеството, бидејќи од гледна точка на просветителството религијата не е ништо повеќе од обично суеверие. Никаде во Европа религијата не беше толку радикално прогонета од општеството, како во Франција. Ататурк, основачот на модерна Турција, го примени точно францускиот модел. Во исто време САД, на пример се основа држава од доселеници, кои избегале од верски прогонства. Затоа таму се разви таков секуларизам, кој ја дели црква од земја, но токму со цел да се промовира верската разноликост. Сличен е и германскиот секуларизам, кој исто така ја дели црквата од државата, но двете страни остануваат во конструктивна соработка.
За муслиманите религијата не е само приватна работа
Масовното навлегување на муслимани ги подложува на сериозен тест сите овие форми на лаицизам и секуларизам и моралните концептите кои се развиваат. Бидејќи повеќето муслимани се многу религиозни и очекуваат можност да живеат со својата религија, како што се навикнати – а тоа е во спротивност со традиционалната поделба помеѓу државата и религијата во западните општества. Муслиманите не можат да се помират со религиозната неутралност во јавниот живот, бидејќи за нив самата религијата не е само приватна работа.
Напнатоста во Германија расте поради протестите за подкрепа на Ердоган
Во Франција веќе се прашуваат дали неуспехот на интеграцијата на многу доселеници не се должи токму на фактот дека муслиманите гледаат на лаицизмот како напад врз нивната религија и како резултат на тоа – не сакаат да ги прифатат принципите на Француската Република. Постепено се покажува дека антирелигиозниот лаицизам дополнително ги радикализира исламските млади кои водат изолиран живот во гетата крај големите градови. Уште повеќе што на муслиманите во Франција не им стигнуваат речиси илјада џамии, бидејќи лаицистичната држава не се грижи за храмовите, бидејќи муслиманските места за молитва минуваат во илегала.

Денес постепено се замаглува строгата интерпретација на однос на лаицизмот како гарант на прогресот настрана од религијата. Бидејќи преку инструментот на длабочинска секуларизација на јавниот простор републиканскиот лаицизам не успеа да создаде хомоген граѓански идентитет за сите луѓе. Токму во овој вакум избувнуваат радикално-исламските идентитети кои намерно стојат надвор од дофатот на лаицистичкиот светоглед.
Германскиот секуларизам е алтернатива на политичкиот атеизам, сметаат од француските лаицисти. Германскиот секуларизам допушта во јавноста да бидат видливи религијата и нејзините симболи. Да, во Германија уште се држи на традициите на христијанскиот Запад, но и покрај тоа религијата постепено бива исфрлана од јавниот домен: родители не сакаат крстови во училиштата на нивните деца, христијанските празници добиваат нови, неутрални имиња. Во овој простор, ослободен од христијанството, не треба сега да се смести исламот, сметаат многумина. Еве како во Франција и во Германија тргнуваат спротивни процеси. Франција се преориентира кон секуларизам, за да може подобро да се интегрираат муслиманите, а Германија пак се насочува кон однос на лаицизмот.
Религиите и интеграцијата
Се судираат две позиции. Според едната, поуспешна интеграција може да спроведува онаа држава, која се држи подалеку од религијата; бидејќи мигрантите полесно ќе се идентификуваат со религиозно неутралната држава. Приврзаниците на другата позиција сметаат дека религиозните луѓе се чувствуваат запоставени во едно општество каде што важи идеалот на хомогенизација – и токму поради тоа се радикализираат; Еве зошто требало да се допуштат разновидни религиозни идентитети и нивните симболи, кои е важно да бидат видливи во јавниот простор. Покрај тоа религиите понекогаш воспитуваат вредности кај луѓето многу поефикасно отколку секуларниот институции – и можат да помогнат за интеграцијата.
Дури и по просветителството , црквата и верата продолжуваат да постојат, иако во просветлени одежди. Да, државата и религијата треба да се одделени една од друга – во тоа никој не спори. Но германскиот и американскиот модел на либерален секуларизам се наоѓаат повеќе приспособени за решавање на денешните општествени задачи отколку строгиот лаицизам. Овој секуларизам е гарант за јавниот мир и затоа не треба да се замаглува.
Frankfurter Allgemeine Zeitung
