Турската полиција по грешка привела 20 универзитетски професори

од Vladimir Zorba
84 прегледи

8498246046_439899204b_z

Гувернерот на Анталија, Мунир Каралоглу, призна дека полицијата во овој турски град „по грешка“ привела 20 универзитетски професори, во рамки на операцијата против осомничените припадници на т.н. терористичка организација на Фетулах.

– Некои тоа го нарекуваат лов на вештерки, но ние не ловиме вешетерки, туку предавници и убијци и ќе продолжиме да го правиме тоа – рече Каралоглу.

Тој нагласи дека понекогаш се прават грешки, признавајќи за професорите кои погрешно беа вкучени во листата на чистката, но посочи и дека потоа тие биле ослободени./Meта