Нестабилност со пороен дожд и грмежи

од Vladimir Zorba
79 прегледи

 Претпладне сончево со умерена облачност, а во северозападните делови имаше локално зголемена облачност. Во попладневните часови во крајните источни и западни делови имаше развој на нестабилност со  пороен дожд и грмежи.  Дуваше слаб а на некои места повремено умерен ветер од северен правец, така во Скопската котлина, Пелагонија и Штипскиот регион ветерот достигнуваше брзина од 43 до 47 км/час.

hitportal-leten-dozd

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

34 Гевгелија, 33 Д. Капија, Струмица, Претор, Битола, 31 Охрид, 30 Тополчани, Штип, 29 Прилеп, Скопје, 28 Скопје Петровец, Берово, Кр. Паланка, 27 Тетово, 25 Пожаране, Пожар, 24 Лазарополе, 22 Ѓуриште.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.

5 Берово, >0 Битола.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево со умерена облачност. Локално ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб а на повеќе места повремено умерен ветер од северен правец. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северен правец.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со умерена облачност и со умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. УВ= 8  Утринските температури ќе бидат во интервалот  од 12 до 21 а  дневната највисока температура од 27 до 34 степени.

 

Скопје Сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Температурите од 18 / 30 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре ќе дува умерен до засилен северен ветери кој ќе предизвика и благо опаѓање на температурата. Потоа следува период на стабилно и потопло време.