Сонот на секој спортист е да ја освои најсјајната награда – златен медал, на најголемиот светски спортски настан – Олимписките игри.
Ако запрашате еден спортист од што е направен златниот олимписки медал најчестиот одговор е од многу труд, пот и долги години на тврдоглаво вежбање и лишувања. Овој заклучок не е далеку од вистината. За да се победи, кој и да е од трите олимписки медали, потребно е многу труд од страна на олимпискиот тркач без разлика за која дисциплина станува збор.
Ако сепак ги запрашате работниците од Националната фабрика за впечатливи признанија во Бразил, одговорот ќе биде … од сребро. И навистина на претстојните Олимписки игри во Рио златниот медал, кој е со тежина од 500 грама, е со примерок 99 отсто сребро. И токму овој процент ќе му го даде правото на носителот на златниот медал да влезе во историјата на светскиот спорт, за разлика од сребрениот и бронзениот медал.
Отворањето на 32-те летни олимписки игри е на 5 август, а ден подоцна започнува трката за медалите.