Вин Дизел стана прв актер со над 100 милиони пријатели на Фејсбук

од Vladimir Zorba
93 прегледи

– Вин Дизел стана првиот холивудски актер, кој на Фејбук има повеќе од 100 милиони пријатели.Vin-Dizel

Дизел така влезе во престижната екипа на Кристијано Роландо и Шакира, кои досега се единствени кои имаат повеќе од 100 милиони обожаватели на Фејсбук.

Колкаво е значењето на ова достигнување, покажува и фактот дека дури и основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг на својот профил сподели фотографија со Дизел и му честиташе за 100-те милиони пријатели.

Познатиот актер е многу активен на неговиот профил на Фејсбук, а ретко се случува некоја објава да има помалку од милион лајкови.