(ФОТО) Турски весник ја спореди Меркел со Хитлер

од desk3
81 прегледи

482147227ec7d11863047a7ca4cb3248
Турскиот весник “Аксам” излезе на првата страница со колаж на германската канцеларка Ангела Меркел, која дава нацистички поздрав и е со мустаќи како на Хитлер, пишува англиското електронско издание “Експрес”.

Германското списание “Шпигел” наведува дека “Аксам” е од лојалните на турскиот премиер Ердоган медиуми и така ја изразува негативната реакција на одлуката на СРГ да не овозможи вклучување во живо на Ердоган за време митингот во Келн минатата недела.

Германскотоодбивање беше критикувано и од други турски медиуми, а весникот “Јени Акита” напиша “Германија не е пријател, туку непријател”.

Друг турски весник “Таквим” објави напис, според кој “Германија, која божем се ослободила од нацистичка минато, ја симнала маската дека ја поддржува пучистката банда на Фетхуллах Гулен”.