Да оди во заборав: Отсранета восочната фигура на Дејвид Камерон од музејот на Мадам Тисo

од desk3
86 прегледи

Восочна фигура, која изнесува околу 150.000 фунти, беше отстранета од музејот на Мадам Тисо во Лондон и ставена во склад.Таа била отстранета само неколку дена откако Тереза Меј ја зазеде неговата позиција. Дали таа самата ќе се здобие со восочен двојник, сеуште не е јасно.

1470218850-image-5688846-126

 

Од музејот велат дека ако се задржи на политичката сцена, сигурно и таа ќе најде место таму. Во меѓувреме фигурата на поранешниот премиер ќе биде зачувана, едноставно веќе нема да е изложена до онаа на американскиот претседател Барак Обама. Тоа е уште еден удар по неговата самодоверба, откако ја загуби битката на референдумот, одлучи да се прости со функцијата и беше принуден да гледа како Борис Џонсон како се издига до министер за надворешни работи, додека самиот тој влегува во сенка, пишува 24 часа.