Последна шанса на Европа да ја исправи својата политика за бегалци

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Image_5688277_126

Само со прилив на финансиска и политичка креативност може да се избегне катастрофата со бегалската криза, која веќе водеше кон бавното распаѓање на Европската унија.

А, на 23-ти јуни таа придонесе кон едно уште поголема несреќа – Брекзит. Овие две кризи ги засилуваат ксенофобичните и националистички движења низ целиот континент.

Тие ќе се обидат да добијат бројни клучни гласови во следните 12 месеци – вклучувајќи и националните избори во Франција, Холандија и Германија во 2017 година, референдумот во Унгарија за бегалската политика во ЕУ на 2 октомври, повторувањето на австриските изборите избори на истиот ден и уставниот референдум во Италија, во октомври или ноември оваа година.

Наместо да се обединат за да се спротивстават на оваа закана, земјите-членки на ЕУ се помалку сакаат да соработуваат – бараат поволни услови за себе, контроверзни имиграциски политики, кои често се противречи на интересите на соседите.

Во такво време една заедничка, целосна и кохерентна европска бегалска политика не е можна и покрај обидите на Европската комисија. Недостасува вера која е потребна за соработка. Таа ќе треба да се обнови преку еден долг и тежок процес.

Тоа е жално, бидејќи една кохерентна политика треба да остане најважниот приоритет за европските лидери; унијата не може да преживее без неа. Бегалската криза не е само еден настан; таа навестува период на голем притисок во однос на миграцијата за во блиска иднина, по бројни причини, вклучувајќи демографски и економски диспропорции меѓу Европа и Африка, бескрајни конфликти дури во поширок регион, а исто така и климатските промени.

Имиграциските политики, со идејата “да го сопнеш- сосед”, како изградба на гранични ѕидови, не само што ќе послужи уште повеќе да ја, расцепи Унијата, туку таа исто така сериозно ќе им наштети на европските економии и ќе ги уништи глобалните стандарди на човековите права.

Како би можел да изгледа еден координиран пристап? Тој би гарантирал една цел од најмалку 300.000 бегалци годишно за да се воспостави сигурно директно во Европа од Блискиот Исток – бројка што има надеж да биде поддржана од други земји во светот.

Оваа цел ќе биде доволно голема да ги убеди вистинските бегалци за азил и да не ги ризикуваат своите животи поминувајќи низ Медитеранот, особено ако пристигнувањето во Европа по нередовен начин би ги дисквалификува како вистински азиланти.

Ова би можело да послужи како основа за Европа да обезбеди доволно парични средства за основните земји-домаќини на бегалци надвор од Европа и да се основаат центри за продолжат во овие земји; да се создадат силни граници на Унијата и на бреговите му, да се дефинираат заеднички стандарди за постапките и интеграцијата на бегалците и за депортација на оние кои добиваат откази, и повторно да се преговорар за Регулативата Даблин III (Dublin III Regulation), за да може повеќе фер да се раздели бегалската тежина по целата унија.

Делумниот одговор на кризата за моментот кој завршува со согласност меѓу ЕУ и Турција да се престане со протоците бегалци во Источниот Медитеран, страда од 4 главни недостатоци Прво, тој не е европски. Согласноста со Турција е договорена и наметната на Европа од германскиот канцелар Ангела Меркел.
Второ, како целина одговорот е сериозно неподкрепен со средства.

Трето, тој де факто ја промени Грција во ќелија без неадекватни олеснувања. И конечно тој не е волонтерски – тој се обидува да наметне квоти, против кои земјите-членки силно се противат, и бара бегалците да се населат во земји во кои тие не се добредојдени и каде што тие не сакаат да одат, враќајќи во Турција и оние кои стигнале во Европа по неправилни начини.

Согласноста со Турција беше проблематична дури пред обидот за преврат на 15 јули, кој ја фрли иднината на Европа во уште поголема неизвесност. Од една страна договорот личи на успешно откако во голема мера балканскиот пат беше затнат и потоците бегалци кон Грција станаа капки. Но, потоците бегалци станаа бранови во повеќе опасни медитерански патишта.

Во исто време самата премиса на трансакцијата страда од голем недостаток. Грчките судови и бегалски комисии постојано одредуваат дека Турција не е “безбедна трета страна” за повеќето Сиријци, азиланти – перспектива, која најверојатно ќе се зацврсти по обидот за преврат.

Постои веројатност скорото реорганизирање на комисии за апелационни жалби во Грција, за да бидат направени поприфатливи за Владата, да биде оспорен во судот, а исто така и предлогот на Европската комисија од 13 јули да има предност пред одлуките на националните судови.

Во исто време договорот меѓу ЕУ и Турција, изградена врз премисата дека бегалските права можат да бидат разменети за финансиски и политички услуги, сега се користи поопшто како стандард. Во последниот месец, Европската комисија предложи фондовите за развој да зависат од спроведувањето на миграциски контрола од африканските партнери.

Тоа го крши вредностите и принципите кои би требало да ги водат Европската унија и, создава спротивност со децении практика во областа на фондовите за развој и деградирачки однос кон мигрантите и бегалците.
Големиот договор со земјите во Африка не може да биде едноставен: Сопрете мигрантите да доаѓаат во Европа и можете да правите нешто друго што сакате! Со овој поглед ги повредуваме сите – морално, политички и економски.

Вистинската голема зделка би била развој во Африка – вистински развој, што за една генерација би можело да се заклучи со радикални причини на миграцијата на кои толку многу политичари се повикуваат во реторика, а исто толку често се превидуваат во реалноста.

Повеќе точен пристап, ефикасна алтернатива на сегашниот пристап на ЕУ би се базирани на седум точки.
Прво: ЕУ и остатокот од светот треба да прифатат голем број бегалци директно од земјите подложени на огнот, по сигурен решен начин што би било далеку прифатливо за општеството од сегашниот неред.

Ако ЕУ даде ветување да прифати дури само 300.000 бегалци годишно, а и ако тоа ветување се поддржи од држави од останатиот свет, повеќето вистинските баратели за азил ќе проценат дека нивните шанси да стигнат до саканата земја се доволно високи, за да не се обидуваат да стигнат до Европа нелегално оние кои би биле дисквалификувани и нивните апликации не бидат прифатени по легален начин.

На овој врв, ако условите во земјите подложени на оган се подобрат врз основа на подобра помош, бегалска криза не би постоела (би останал само проблемот од економска миграција). Тоа нè доведува до втората точка – ЕУ треба да прекине нередот на своите граници. Ништо не плаши општеството повеќе од сцени на хаос.

Петнаесет месеци откако акутната фаза на кризата започна, мешаница и безредие продолжува да има во Грција и Медитеранот. Над 500.000 бегалци живеат во мизерија во лошо уредени импровизирани кампови во државата. Општествата гледаат ова на екраните и се прашуваат како најмоќната Европска унија не може да обезбеди дури основни услови за деца и жени кои бегаат од војна.

Во исто време најразвиените морски сили на светот изгледаат беспомошни да спасат оние кои го преминуваат Средоземното Море. Бројот на удавени е зголемен за 50 проценти оваа година. Цинично е објаснување за сето тоа – дека ЕУ намерно овозможува овие услови да се истрае, па тие така ги одвраќаат бегалците, кое исто толку е загрижувачко.

Решението на проблемот што треба да се земе сега, е едноставно – да се обезбеди на Грција и Италија доволно средства да се грижат за барателите на азил, да се даде наредба на морските сили да се стават како најважен приоритет побарувачката и спасување на луѓе ( а не “чувари” на границите) и да се исполни ветувањето да бидат преместени 60.000 азиланти од Грција во други земји-членки на ЕУ.

Трето: ЕУ треба да се развие финансиски инструменти кои обезбедуваат доволно средства за долгорочните предизвици пред него, а не само да куца од една епизода во друга. Во годините на ЕУ се мораше да финансира постојано растечки број иницијативи и пресуши бунар од ресурси.

Во 2014 година земјите-членки и Европскиот парламент се согласија да го намалат и да стават лимит на општиот буџет на Унијата на скромниот 1,23 проценти од бруто домашниот производ на членките до 2020 година. Тоа беше трагична грешка. ЕУ не може да преживее со буџет со таква големина. Барем 30 милијарди годишно се потребни за да може ЕУ да наложи кохерентна бегалска политика.

Овие средства се потребни така и внатре во Унијата, за да се изгради ефикасни гранични и бегалски агенции кои обезбедуваат услови за прием со достоинство, фер процедури за бежанство и можности за интеграција, така и надвор од границите , за да ги поддржат земјите домаќини на бегалци и да поттикнуваат кон создавање на работа низ Африка и Блискиот Исток.

Едни силни гранични и бегалски агенции можат да чинат барем 15 милијарди евра. Иако 30 милијарди може да личат на огромна сума, таа е мала во споредба со политичката, човечката и економската цена на продолжената криза.

Тоа навистина е закана дека на пример, европскиот систем за отворени внатрешни граници Шенген, ќе се сруши. Фондацијата Бертелсман проценува дека напуштање на Шенген ќе ја чини ЕУ од помеѓу 47 и 140 милијарди ебра изгубени на бруто домашниот производ годишно.

Сегашниот пристап се базира на пренасочување на минимали суми од буџетот на ЕУ и потоа инсистирање одделните земји-членки да придонесуваат кон различни целни инструменти како турскиот фонд и Фондот за Сирија, од кои секоја се користеа да се обезбеди финансиска компензација на Турција, и дополнително финансирање од ЕУ на меѓународни организации и соседни држави како одговор на сириската криза.

Само дека овие суми можат да бидат само привремено решение, бидејќи тие не се ниту неисцрпни, ниту доволно големи да финансираат обиди, кои треба да расте во големина и обем.

Иако овие средства можат да бидат силни инструменти, распределбата на ресурсите и дозволувајќи им на земјите-членки да даваат повеќе стредства за даден проблем, тие исто илустрираат основниот недостаток на сегашниот систем – дека таа целосно зависи од отвореност на земјите-членки на секоја чекор. За да може да собере потребните средства, на ЕУ ќе треба да развие политика која ја нарекувам “етапно финансирање”.

Тоа значи регрутирање на значителни долгови, поддржани од релативно нискиот буџет на ЕУ, наместо да се собираат незначителни средства година по година. Денес ЕУ се одликува со извонредно ниски долгови, споредени со големината на буџетот му.

Следува дека би требало да го користат овој буџет како што тоа го прават сите суверени други земји. Употребата на голема почетна сума ќе им овозможи на ЕУ да го возвратат поефикасно на некои од најопасните последици на бегалската криза и ќе се спречи некои од најлошите нејзините последици.

Ова вклучува антиимигрантските чувства во земјите-членки кои ја разгореа поддршка кон авторитарните политички партии и чувство за безнадежност кај барателите на азил во Европа, кои сега се наоѓаат напуштени во земји од Блискиот Исток или се заглавени во Грција.
Големи почетни инвестиции во заштитата на границите, операции пребарување и спасување, разгледување на барања за азил и достојни засолниште на бегалците, ќе се помогне со економски, политичките и општествените динамика и да се отстапи од ксенофобијата и подбивот кон градбените решенија кои им помагаат и на бегалците и на земјите-домаќини.

На долг рок тоа ќе ја намали вкупната вредност на парите кои Европа ќе треба да ги потроши за да ја запре бегалската криза и да се врати по неа. За да ја финансира, порано или подоцна ќе бидат потребни нови европски даноци.

За момент потребите можат да бидат делумно пречеканиако се мобилизира користи кредитна линија од достапните финансиски инструменти на ЕУ – Balance of Payment Assistance facility, Macro Financial Assistance facility и European Financial Stability Mechanism (EFSM).

Заедно овие алатки имаат повеќе од 50 милијарди евра неупотребени како кредитна линија. Ќе се стават овие средства да бидат пренасочени и да им биде проширен мандадопт, против кое ќе има значителна отпор, но овие бројки илустрираат неискористен финансиски капацитет на ЕУ.

Во шпицот на еврокризата земјите-членки можеа да соберат политички волја брзо да се создаде нов сет на алатки кои значително ќе ја зголемија финансиската сила на ЕУ.

EFSM тогаш се преобрази во European Stability Mechanism (ESM) и ја зголеми кредитоспособноста на ЕУ до бројка од 500 милијарди во рамките на една година, докажувајќи дека таму каде што има желба, има и начин.

Само дека сите овие алатки се соочуваат со три ограничувања – во голема мера тие се меѓувладини и се потпираат на гаранции од страна на земјите-членки, а не на буџетот на ЕУ, кој останува премногу мал за да овозможи донесување на кредити со толку голем размер се бараат едногласни овластување од земјите-членки и во главна степен се создадени за да дадат кредитна линија на други земји-членки, а не да дозволат вистинска употреба во името на ЕУ.

Единствениот начин за во иднина е да се создадат “коалиции на оние кои сакаат”, кои да не бараат едногласна согласност. Овие иницијативи би можеле да поттикнат подлабоки промени на буџетот на ЕУ. Бев многу екстатичен минатата година, кога германскиот финансиски министер Волфганг Шојбле предложи паневропски данок на нафтата. Но потоа брзо се разочарав кога тој специјално предупреди да не се користи доверливоста на Европската унија, која во голема мера стои без употреба.

Влогот е самото постоење на ЕУ. Ќе биде крајно неодговорно да се овозможи распаѓање на ЕУ без да се употребат сите негови финансиски ресурси. Во текот на нашата историја владите се издавале обврзници во итни национални потреби. Кога би требало Европската унија да употреби широко неискористени средства и мерки за доверливост, ако не е во момент на смртна закана? Да се стори тоа би донело додадена предност да се обезбеди толку потребен економски стимул.

Со толку историско ниски каматни стапки сега е најсоодветниот момент да се преземе таков долг.
Четврто: кризата треба да се користи за да се изгради заеднички европски механизми за заштита на границите, решавање на барања за азил и преместување на бегалци. Има скромен напредок до сега: закон со кој да воспостават европски гранична и крајбрежна стража, кој беше усвоен овој месец од страна на Европскиот парламент.

Само што Регулативата Даблин III, основата, одлучувачка која земја носи одговорноста за собработката во процесот на барателите на азил, ја спречува солидарност меѓу земјите-членки на ЕУ како морална и најголема тежина на првата земја и за тоа треба да се преговорар. Европско решение настанува во моментот во Грција, каде European Asylum Support Office (EASO) де факто разгледува молби за азил, но за да им помогне на пренатрупани грчки власти. Единствена европска процедура за азил би ја укинала можноста за купување на азил и би ја вратила довербата меѓу државите-членки.
Петтата: откако бегалците ќе бидат признати треба да има механизам кој треба да ги премести во Европа по договорен начин. Од исклучителна важност е ЕУ фундаментално да откриеме примената на мртвородените програми за преместување и раселување. Колеблив чекор во оваа насока беше земена минатата недела во нови предлози, изложени од страна на Европската комисија. Унијата не треба да ги злоупотреби ниту земјите-членки, ниту бегалците да учествуваат во овие програми. Тие треба да бидат доброволни.

Сличен проект може да предизвика преференции и бегалци, и нивни општества, па луѓето да стигнат до таму каде што сакаат да одат, и таму каде што се добредојдени. EASO почнала да развива сличен проект. Овие програми треба да имаат длабока основа во заедниците. Градоначалниците низ Европа покажаа неверојатно желба да прифатат бегалци, но се заплашени од националните влади.

Државно-приватни програми за спонзорство, каде мали групи луѓе, општествени организации и фирми, помагаат новодојденците финансиски и на други начини, преговараат во училишта, работни пазари и заедници, можат да имаат корист од користете добродушност на граѓаните низ цела Европа.

Канада е добар примерок (иако географскиот нејзиниои контекст се разликува од европскиот). Само за четири месеци прифатила 25.000 сириски бегалци и ги интегрира преку државно-приватни партнерства и локални непрофитни организации / NGO /. Земјата е обврзана да прифати уште 10.000 до крајот на годината, а 44 000 бегалци вкупно за 2016г. (Во исто време прифаќа 300.000 мигранти секоја година, што би било еквивалентно на 4,5 милиони мигранти да бидат прифатени од ЕУ годишно.)

Процесот преку кој Канада преселува бегалци, е уточнет по повеќекратно повторување во подолг временски период и ги надминува дури исклучително строгиот стандард на безбедност на јужниот сосед. Проверката на Сиријците за азил, внимателно се изврши од 500 дипломатски и воени функционери, кои беа мобилизирани штом премиерот Џастин Трюдо презеде должноста минатиот месец ноември и направи проектот еден од најважните.

И општеството и медиумите одговорија позитивно, иако шокот од терористичките напади во Париз и Брисел, што се случија во врв на канадската програма за бегалци. Одлучното лидерство од високите нивоа и сполотената координација со локалните општини, строги контроли и процедури за преселување и искреност во справувањето со неизбежни проблеми – тоа беа главните состојки на успехот.

Споредете го ова со условите кои преовладуваат во Европа, и ќе ви стане јасно за луцидниот патот што Европа има уште да го помине.
Шесто: Европската Унија заедно со меѓународната заедница треба да го поддржува странските држави кои примаат бегалци многу великодушно отколку во моментот.