noz
На 03.08.2016 година во 21.10 часот во ПС Делчево се јавил лекар од Јавна здравствена установа ,,Гоце Делчев“ и пријавил дека на преглед кај нив бил донесен С.О. (41) од с.Тработивиште, делчевско, со убодна рана од нож во пределот на градите. Полициски службеници од ПС Делчево извршиле разговор со С.О. кој изјавил дека помеѓу него и неговата сопруга А.О. (25), државјанка на Р.Албанија, настанала расправија, при што А.О. со нож му нанела повреда во пределот на градите. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Делчево, а А.О. е приведена во ПС Делчево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини