Претседателот на Никарагва, кој во ноември победи на изборите и доби нов мандат, ја определи сопругата за кандидат за потпретседател.
Поранешниот лидер на помогнатото од поранешниот СССР партизанско движење денеска повторно е многу популарен и речиси сигурно ќе победи за трет мандат како шеф на државата.

На 6 ноември никарагванците гласаат и за парламент.
Во вторникот при регистрирање на кандидатите, претседателот Даниел Ортега рече: “Нема сомнение дека кандидатот за потпретседател треба да биде жена. И кој може да е посоодветна од партнерката, која е проверена на дело и докажала дека е многу ефикасна и дисциплинирана ? ”
70-годишниот политичар и предходно велел дека едно “заедничко управување” со жена си Росариа Муријо би било симбол на еднаквост меѓу половите.

Таа има искуство во администрацијата како портпарол на Владата, поврзана е со Сандинисткиот фронт за национално ослободување (FSLN) од 70-тите години и е омажена за Ортега од 2005 година – година пред тој да стане претседател.
Фронтот го симна од власт во 1979 година режимот на Анастасиј Сомоса, но во 80-тите години води подолг граѓански конфликт со помошта од САД , од единици познати како “Контра”. Предводени повторно од Даниел Ортега, FSLN се врати на власт во 2007 година