Нова кариера! Дејвид Камерон станува султан

од desk3
95 прегледи

Чудна понуда за работа доби поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, коментира Газета.ру. Советот на муслиманите на Казахстан (СМК) упати понуда кон политичарот од Обединетото Кралство тој да стане султан во азиската држава. Во предлогот е вклучена плата во износ од три милиони британски фунти, харем, како и бесплатно користење на јавниот транспорт во Казахстан. Камерон во замена треба да го прифати исламот и соодветно да се обреже.

20151110.qtnhrvjcdq

Ако британскиот политичар ја искористи понудата, тој ќе мора да изучи казакстански јазик барем на основно ниво. Камерон поднесе оставка на 24 јуни 2016 година откако еден ден порано над половина од Британците се изјаснија за излегување на Британија од Европската унија. Тој беше заменет од Тереза Меј.