Речиси милион долари за првиот стрип со Супермен

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Стрипот, на чии страници за прв пат е претставен ликот на Супермен, беше продаден на аукција за 956 000 долари.4978919

Аукцијата, организирана од аукциската куќа Heritage Auctions, се одржа во четвртокот во Далас, американската држава Тексас. Првиот број на весникот под наслов Action Comics, во мат, е пуштен за продажба во САД во 1938 година по цена од 10 центи. Зачувани се околу 100 примероци од овој тираж.

Првичната проценка на стрипот беше за околу 750 000 долари. Стрипот е во совршена состојба. Предложен е за продажба од колекционер од источниот брег на САД. Тој го купил во 1990 година за 26 000 долари. Новиот сопственик на „комикот“ претпочита да остане анонимен.Action_Comics_7

Супермен е измислен лик од стриповите на ДИСИ Комикс и еден од најпознатите суперхерои, сметан за американска културна икона. Ликот претставува дотеран борец против криминалот и авантурист, кој со помош на вонземски сили се бори со злото и неправдите во општеството.