(ВИДЕО) Теута Арифи: Градежната механизација е на критичните места

од Vladimir Zorba
94 прегледи

teuta

Последиците од невремето во тетовско се санираат, информира Телма.

Се работи на целосно расчистување на патот Шипковица – Бродец кој во саботата беше целосно затрупан од наноси на камења и земја.

Моментално се чисти и проширува речното корито во Голема Речица.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, изјави дека градежната механизација на критичните места дежура постојано, со цел превентивно да делува, во случај на нови ерозивни процеси./Извор Телма