Промашени апели

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Апелирам до сите граѓани, во овие тешки мигови, да се воздржат од било какви препукувања по социјалните мрежи, јавно жигосување и барање виновници.“

А, зошто да не се препукуваме по социјалните мрежи, зошто јавно да не жигосуваме и зошто да не ги бараме виновниците, господине Заев!?

tricko

Ние сме тешко болно општество кое кога во вакви околности ќе престане да ги прави овие работи за кои вие апелирате да не ги прави, ќе испрати јасна порака дека, во меѓувреме, починало.

Јас ја разбирам благородната инспирација во вашиот апел, дури можам да кажам дека навистина можеме да се воздржиме од барање на виновници за катастрофата, особено затоа што ние многу убаво ги знаеме тие виновници па нема што да ги бараме во смисла да ги утврдуваме туку само во смисла да ги фатиме за врат, ги знаеме и како институции и како позиции и како политики и како идеолгии, а ги знаеме и по име.

Тие работи нема да го отклонат нашето внимание од страдањата на луѓето и од помошта што треба да им се пружи, што, според моето видување е во основата на вашата благородна порака, обратно, ќе ги засилат низ страста со калта што со своите политики и карактери и примитивности ни ја донесоа во домовите, да им ги наполниме џебовите и да ги фрлиме во првата подлабока вода!

Бранко Тричковски – Фејсбук статус