Полицијата пронашла стара двојка како плаче и ѝ зготвила шпагети за вечера

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Четворица полицајци во Рим пристигнале во стан и наишле на големо изненадување, откако реагирале на дојава дека се слушаат врисоци и плач оттаму, според италијанскиот весник Ла Република.13920911_1014694975305189_5738276146906733062_n

Никакво кривично дело не било сторено, но полицајците ги нашле 84 годишната Џоли и нејзиниот 94 годишен сопруг Мишел, сами расплакани во домот. Старата двојка плачела, но не бидејќи имала физички проблеми. Трогателно, тие страдале од “неизлечлива осаменост“, според Ла Република.

 

13925314_1014694978638522_562692834850799777_n

Двојката која е во брак преку 70 години немала посетители долго време: нивните соседи се преселиле, а во античкиот град било полупразно поради летните одмори. Тие исто така плачеле и поради шокантните грозоморни наслови во весниците во последниот период.

Полицајците Ендру, Александар, Ерносто и Мирко ја зеле ситуацијата во свои раце и решиле да им приготват вечера на старите сопружници. Тие им зготвиле вечера од шпагети, путер и пармезан. Тие ја поминале вечерта разговарајќи и дружејќи се со двојката.

 

Понекогаш сè што ти е потребно за да се чувствуваш подобро е тенџере паста и добро друштво!