(ГАЛЕРИЈА) Палаван – најволшебниот остров во светот

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Тешко е да се поверува дека Филипините се една недоволно оценета по достоинство тропска дестинација.0e720f438c61680ea7753d591d192dd5

Оваа извонредна убава островска земја е совршено место за нуркање, а тука се наоѓаат и некои од најубавите плажи во светот, дури и самовилските, оние во Бора Бора.

Не треба да го посетите секој остров на Филипините, за да се убедите во тоа. Доволно е да си подарите одмор особено на островот Палаван.

Тоа скриено парче од рајот неодамна беше најавено за најубавиот остров во светот од страна на медиумите, во сектор Travel + Leisure.

Лесно е да се види зошто Палаван е оценет на прво место во оваа престижна листа.

Таму водата е смарагдна, бајковидните плажи се опкружени од џунгли и планини, кои се издигнуваат над океанот.

На островот е полно уште со мали рибарски селца, со убави подводни пештери, со спокојни лагуни, со корални гребени, водопади и т.н.

Има и фарма за крокодили, отворена за посетители.

Видете слики на прекрасниот остров во галеријата.