(ВИДЕО) Прегратки и солзи радосници – емотивна средба на преживеаната кумановка со нејзините спасители

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Прегратки и  солзи радосници  во скопско Стајковци.  Кумановката Емилија Цветковска која успеа да ја преживее поплавата денеска го посети семејството Крстиќ за кои вели дека сега  се нејзини роднини, пренесе 24 Вести.

 141285
Од  Куманово  заедно со Емилија  пристигнаа уште дваесетина  граѓани со цел камион хуманитарна помош. Ова е велат, само мал  знак на благодарност кон луѓето кои го ризикуваа својот живот за да ја спасат нивната сограѓанка.
Во меѓувреме жителите на Стајковци неколку дена се борат со страотните последици од невремето. Соседите делат иста судбина и си помагаат меѓусебно.Се снаоѓа кој како знае и умее.
Помош велат, добиваат од хуманите граѓани, најмногу во храна и вода, но апелираат за донации во средства за дезинфекција и лична хигиена.  Очекуваат  поголема координација во расчистувањето и санирањето на штетите.
Во Стајковци нема куќа која не е погодена од невремето. Трагите на ѕидовите се се уште свежи и покажуваат  дека водата ги поплавила подрумските простории и првите спратови од куќите.
Нема струја ниту вода. Многумина со кофи и колички на раце ја исфрлаа уништената покуќнина од домовите и дворовите.