Ако немате време да спортувате, исчистете си по дома

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Иако често ни тежат секојдневните задачи дома, грижата за куќата им помага на луѓето да живеат подолго.7e3ab2c37a9f1d555443e5995676a15e

Така барем велат експерти кои учествувале во заедничко истражување, чии резултати се објавени во списанието “Бритиш медикал џурнал”.

Според истражувањето, хортикултурата и чистењето со правосмукалка му помагаат на човекот да не се разболи од барем два вида рак – на дојката и дебелото црево, а исто така штити од дијабетес, кардиоваскуларни болести и мозочен удар.

Сепак експертите додаваат дека вкупната физичка активност не треба да е под 5 до 7 пати повисока од минимумот препорачан од Светската здравствена организација (СЗО).

Од таму условот е човек да дојде до барем 600 минути метаболички еквивалент. Тој е еквивалентен на 150 минути брзо одење или 75 минути трчање во неделата.

Добри за физичката активност се 10 минути качување по скали на ден, 15 минути чистење со правосмукалка или грижа за градината околу 20 минути.

Слични содржини