(ФОТО) Племето во кое жените се стрижат само еднаш во животот

од desk3
112 прегледи

 

Членовите од женски пол на етничката група Јао, која живее во кинеската провинција Гуангкси, само еднаш во животот се стрижат – обично пред да се омажат. Во Хуанглоу живеат 60 жени со коса која е долга околу еден метар, а една од нив може да се пофали и со прамени, чија должина надминува два метри. Освен со својата коса, етничката група Јао е позната и со карактеристични за жените црвени везени фустани.

Се смета дека тардицијата настанала пред околу 2000 години. Членовите на племето се вкупно 600, распределени во 78 семејства. Се смета дека косата на жените од Јао е толку здрава и сјајна заради тајна која се пренесува од генерација на генерација – тие ја мијат со водата која се користи при миењето на ориз. Жените се стрижат за прв и последен пат, кога ќе наполнат 18 години, за да го прослават фактот дека стогаш може да се омажат.