Што би рекле на помлад/иот/ата “јас” од височините на животно искуство? Таква анкета направиле во Велика Британија меѓу 2000 лица на возраст над 50 година, пишува “Дејли мејл”. Како резултат на ова се појави оваа листа од 30 пораки кон помладите. Излегува дека 9 од 10 луѓе во зрелите години жалат дека во младоста не биле помудри. Помалку од половина сепак би се согласиле да го вратат часовникот назад и да го доживеат повторно животот.

Не изневерувај, плаќај си ги редовно придонесите во кредитните картички, секогаш гласај, грижи се за кожата и забите, семејството е на прво место – ова се едни од најчесто дава совети.
1. Однесувај се со околните така, како што би сакал тие да се однесуваат со тебе.
2. Никогаш не пуши.
3. Не губи контакт со луѓето кои ги сакаш.
4. Секогаш гласај.
5. Плаќај ги придонесите за кредитите секој месец.
6. Среќата ти зависи само од тебе самиот.
7. Не изневерувај.
8. Не губете го времето со љубомора.
9. Семејството е на прво место.
10.Не споредувајте го живот со оној на другите.
11. Трошете помалку време на интернет и повеќе време во реалниот живот.
12. Не губете времето со работа која ја мразите.
13. Животот не е фер, но пак е убав.
14. Читај повеќе книги.
15. Не прифаќај се премногу сериозно.
16. Времето лечи се.
17. Простувај и заборавај.
18. Не е задолжително да го добиваш секој спор.
19. Не им суди на другите.
20. Никогаш не создавај деца, за да ја спасиш врската.
21. Следи ги инстинктите – обично првото што ќе ти текне, тоа е соодветно решени.
22. Никој не ги сака сезнајковците.
23. Во врска поважно е пријателството, а не сексот.
24. Ако една врска треба да се чува во тајност, немаш место во неа.
25. Крвта е посилна од водата.
26. Биди пријателски и дружељубиво расположен.
27. Не се жени/мажи поради парите.
28. Научи се да ти се допаѓа својот изглед.
29. Најважно е да бидеш сакан.
30. Она што не те убива, те прави посилен.