36 000 евра платија властите во Берлин за издигнување на “анти секс ограда”, која ќе спречи проститутките и дилерите на дрога да влегуваат во станбен кварт, соопшти “Билд”, цитиран од ДПА.

Металната ограда е долга 420 метри и висока 1,6 метри. Таа ја замени привремената структура, изградена откако локалните жители се пожалија дека откриваат траги од активностите на платените девојките и трговците на дрога.
Прва ваква градот во Берлин ќе биде набљудувана од полицајци, а во текот на летото ќе биде затворена меѓу 20:00 и 07:00 часот.