
На прв поглед 40-годишниот Германец Дирк по ништо не се разликува од милионите мажи на неговите години. Тој работи и прима добра плата. Зад себе има еден неуспешен брак, завршен со развод. Дирк има и дете, кое по разводот останало да живее со својата мајка и што тој често го посетува.Од пред некое време во неговиот живот повторно има “жена”, со која Дирк живее под еден покрив.

Иако е исклучително среќен, тој не покажува чувства и ја крие својата нова љубов од очите на пријатели и сакани.

Всушност, има зошто да го прави! Работата е дека Дирк живее со кукла по име Џини.

За необичната двојка случајно дознала фотографка Сандра Хојн која се запознала со Дирк на форум.

Таа побарала дозвола да се запечати преку фотографии животот на чудната двојка и добила согласност под услов идентитетот на мажот да не биде откриен целосно.

Токму поради оваа причина лицето на Германецот не се гледа на ниту една слика, а неговото име е измислено.

Дирк вели дека по разводот добил тешка психолошко растројство. Спокојството му се вратило, дури откако Џини влегла во неговиот живот. Во неа тој го гледа една кревка и жена и многу жали што не ја пронашол порано.

Погледнати отстрана, Дирк и Џини изгледаат како едно сосема нормално семејство, исклучувајќи тоа што девојката не може да зборува и да се движи.

Фотографката се надева дека проектот ќе им помогне на луѓето да ги надминат предрасудите и да го прифатат изборот на Дирк.