ВИДЕО забеганија: „Ова што се, камиони?!“ Риалити шоуто продолжува – Груевски прашува, функционерите одговараат

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Како што започна по враќањето од одмор од Анталија, така продолжува и понатаму. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој моментално не извршува никаква државна функција, продолжува да ги испрашува министрите, градоначалниците и останатите функционери, а тие му рапортираат за тоа што го сработиле и што ќе се сработи.

Сето тоа личи на риалити шоу, со камери од одбрани телевизии и држачи на микрофони кои не прашуваат ништо, туку само ги регистрираат дијалозите. Еден од нив оди вака:

– Овие што е, камиони?

– Да, овие се камиони…

– И овие цела ноќ ќе работат, така?

– Па, дел од нив работат цела ноќ, да.