Се чини дека меѓу руските богаташи стана вообичаено на своите веселби да ги канат познатите светски музички ѕвезди.
Како што пишуваат чешките медиуми, неделава рускиот нафтен магнат Рашид Сардаров за луксузната свадба на својата ќерка, која се одржа во прашкиот замок Жофин потроши 10 милиони евра.

Како што јави дописникот на МИА, на свадбата, стотиците гости од Москва ги забавувал и англискиот пејач Роби Вилијамс.
Дваесет и петгодишната наследничка на контроверзниот руски бизнисмен се омажи за својот избраник Антон Антонов со кого беше свршена повеќе од две години.
Пред само неколку месеци на свадбата на синот на рускиот милијардер Михаил Гуцерјев настапуваа Бијонсе, Џенифер Лопез и Елтон Џон./MИА