Оставете ги да се закануваат! Молете се Турција да не го исполни договореното со ЕУ…

од desk3
105 прегледи

И покрај сите обиди за уцена, Турција има интерес од исполнувањето на договорот за бегалците. Брисел сепак треба да се погрижи повеќе против зависноста од Анкара, тврди DW.

0,,19440617_303,00

 

Не е првпат претставници на турското раководство да упатуваат закани кон ЕУ. Претседателот Ердоган повтори неколку пати, дека без неодамнешна либерализација на визниот режим за турските граѓани нема да се чувствува обврзана со ЕУ за договорот за бегалците. А министерот за надворешни работи Мевљуд Чавушоглу дополнително го разгори огнот во интервју за весникот “Билд”. Тој ја обвини ЕУ за “непријателство кон Турција”. По што повторно го “чепна” договорот за бегалците. “Или ќе ги применуваме истовремено сите договори, или ќе ги фрлиме”. Со други зборови, ако до октомври не биде укинат визниот режим за турските граѓани, повторно ќе ги пуштиме мигрантите кон Европа.

Многу европски политичари тешко можеа да го гледаат врзувањето на договорот за бегалците со визниот режим уште пред реакцијата на Ердоган на обидот за преврат. А денес тоа е уште потешко, во контекст на последните чистки, репресии и намерата на Ердоган да ја воведе повторно смртната казна. Мевљуд Чавушоглу сега исто пројавува разбирање за воведување на смртната казна. Ердоган и Чавушоглу се разбира знаат дека ако се дојде дотаму, ќе биде ставен крај на преговорите со ЕУ.

Тие знаат дека, сепак, ЕУ може да биде уценувана по прашањето за бегалците, или барем да се чувствува рекетирана. Укинувањето на визниот режим беше планирана уште пред договорот за бегалците. За жал, темата за визите беше вклучена во договорот за бегалците како дополнителен поттик за Турција да го исполни својот дел од договорот. Само што ЕУ не и даде на Анкара картбланш, туку постави јасни услови. И овие услови не се исполнети. ЕУ ја обвинува Турција дека применува антитерористичките закони против настроените критично против власта на Ердоган.

Мирно, турските закани се само реторика
ЕУ не треба да го прекинува договорот за бегалците во никој случај, бидејќи досега Турција го извршува во голема мера својот дел од договореното. По стапувањето на договорот во сила, на грчките острови речиси не пристигнуваат мигранти. И тоа е големо олеснување за ЕУ. Иако по целата реторика, е малку веројатно Турција да ги исполни заканите бидејќи Анкара има сериозен интерес од тесни односи со ЕУ. Економската зависност е голема. ЕУ ја ублажува до одреден степен изолацијата во која Ердоган поја стави земјата. Покрај тоа Анкара добива многу пари од ЕУ за грижата за бегалци на својата територија. И сето тоа би било во прашање. Многу Европејци гледаат исто толку голема опасност, ако Анкара ги исполни условите за укинување на визите. Тогаш ЕУ ќе треба да исполни ветувањата.

При сегашните политички услови во Турција постои можноста голем број противници на режимот и пред се Курди да ја користат слободата на движењето и да побараат азил во ЕУ. Тогаш Германија и другите европски земји ќе се соочат со нови миграциски бранови. Различни земји-членки на ЕУ, сепак презедоа превентивни мерки и договорија еден вид на “итна сопирачка”. Од оваа гледна точка нема место за паника, ниту повод за отстапување пред Ердоган. ЕУ сепак може и сам да направи нешто за да ја намали зависноста од Турција.

Затворањето на балканскиот правец можеби придонесе повеќе за намалување на бројот на бегалците од договорот со Турција. Исто и воведените мерки за задржување на мигрантите на грчките острови. Тука тие можат да поднесат барање за азил, но немаат право да избираат одредена земја-приемничка. На крајот, ЕУ треба сама да ги обезбеди целосно надворешните граници, наместо да ја обезбеди оваа задача на други. Сегашниот договор за бегалците со Турција може да биде само привремено решение.