Поништување на визите за земји поврзани со тероризмот, и идеолошки тест за мигрантите кои сакаат да влезат во САД. За тоа се огласи кандидатот на републиканците за претседател Доналд Трамп во говорот во Охајо, објави ББС. Мигрантите ќе бидат подложени на “екстремни проверки”, за да се дефинираат западните вредности , како toa дали се либерални кон хомосексуалните и дали се религиозно толерантни.

Трамп изјави дека ќе работи со НАТО и Русија во борбата против “Исламска држава”. Милијардерот најави дека ако стане лидер на САД, ќе создаде претседателска комисија за истрага на исламскиот терор. Тој ja спореди битката со екстремизмот со оnаа против нацизмот и комунизмот. “Не можеме да дозволиме тоа зло да продолжи”, рече Трамп. Републиканецот вети да go премине користењето на интернет за комуникација меѓу терористите. “Хилари Клинтон сака да стане Меркел во САД. Знаете е дека политиката на канцеларката во однос на бегалците е катастрофа. Криминалот во Германија достигна ниво кое никој не го одбрува “, изјави Трамп на адреса на својата опонентка за Белата куќа.