Кадрите покажуваат чудно суштество слично на човек, како чекори во пусто место во Португалија, пишува “Мирор”. Чудовиштето може да биде видливо за неколку секунди пред да исчезне меѓу грмушки.
Корисниците во мрежата коментираат дека мистериозната фигура може да е на Чупакабра – легенда во Централна и Јужна Америка, суштество кое напаѓа ноќе кози, крави и овци и пие крв, и со тоа ги умртвува.
Според други тоа може да е Големото стапало (Биг фут), познато и како Саскуоч ( “Дивиот човек од шумите”). Тој е фигура од северноамериканскиот фолклор, за која се тврди дека живее затскриени шуми, претежно во северозападниот дел на САД и канадската провинција Британска Колумбија. Трети пак тврдат дека кадрите може дури да запечатиле вонземјанин.