Во социјалната мрежа “Фејсбук”, кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп го објави своето “ветување за еднаквост”: обид да добие гласачи кои имале грижи дека можниот иден претседател не прифаќа дека сите Американци се родени еднакви, пишува весникот The Independent.
“Тоа е моето ветување за Американците: како ваш претседател јас ќе бидам најголем шампион.Ќе се борам да гарантирам дека секој Американец добива еднаков третман, еднаква заштита и еднакво почитување “, напиша Трамп.
” Ние го отфрламе тесноградието, омразата и угнетувањето во сите нивни форми и бараме начини да изградиме нова иднина на нашата заедничка култура и вредности како единствен американски народ “, рече републиканецот.