Турција ослободува „стари“ затвореници за да ги смести пучистите

од Vladimir Zorba
81 прегледи

 

Турски активисти за човекови права ја обвинија владата во Анкара дека ослободува „стари затвореници“, кои се на издржување затворски казни, за да може да се обезбедат места уапсените лица по неуспешниот обид за државен удар од 15 јули.затвор решетки

Во вкупно 364 затвори во Турција до пред пучот имало 183.000 затвореници.

По пучот, полицијата и безбедносните сили уапсија околу 23.000 лица, под обвинение дека биле поврзани со движењето на муслиманскиот проповедник Фејтулах Ѓулен, кога Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за преврат.

Турското Министерство за правда тврди дека затворениците во иднина ќе бидат ослободувани откако ќе издржат половина од казната, наместо како досега по издражаните две третини.

Од оваа одлука на Министерството се исклучени затворениците, кои се осудени за убиства, силување и сексуално насилство.

Претходно денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг на својот налог на Твитер објави дека околу 38,000 затвореници во Турција ќе бидат ослободени под посебен надзор, согласно декрет на Владата.

Во изјава за западни медиуми, активистите за човекови права тврдат дека во сегашната ситуација на пренатрупани затвори на властите им е „итно потребен повеќе затврски простор“, па решение е најдено во предвремено ослобоување на дел од осудениците.

Бројот на затворениците во Турција е трипати поголем отколку во 2002 година, кога на власт дојде Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.