Рио 2016: Златен медал за Кипруто од Кенија на 3.000 стиплчез

од Vladimir Zorba
79 прегледи

 

Атлетичарот од Кенија Консеслус Кипруто го освои златниот медал во трката на 3.000 метри стиплчез на ЛОИ во Рио.

1914062-40277010-640-360

Тој патеката ја истрча за 8:03.28 минути, што е нов олимписки рекорд. Со оваа негова победа продолжи доминацијата на кениските атлетичари во оваа дисциплина, која трае од Игрите во 1984 година.

Американецот Иван Џегер го освои сребрениот медал, додека бронзата му припадна на олимпискиот шампион од Лондон, Езекиел Кембои од Кенија.

На атлетските натпревари на програмата вечерва се уште три финални дисциплини: скок во далечина; 200 метри и 100 метри со пречки, сите во женска конкуренција.