Сите жени на планетата треба да бидат подложени на обрежување “, за да нема разврат и да се намали сексуалноста”. За ова повика претседателот на Координативниот совет на муслиманите од Северен Кавказ Исмаил Бердиев.

Според него долг на жените е да раѓаат, а самата постапка не штети на нивното здравје и веќе се практикува во некои населби во Дагестан. Бердилени Алиини џаш Исмаил хаџи, како што е му е религиското име, е член и на Советот за интеракции со религиозните здруженија кон претседателот на Русија, посочува “Интерфакс”.
Обрежувањето се практикува масовно во десетици држави во Африка, Блискиот Исток и Азија. Тоа обично се применува на девојки до 5-годишна возраст.
Не е познато дали оваа практика има каква и да е корист за здравјето, додека има бројни сведоштва дека отсекувањето на елементи или на целиот надворешна дел од гениталиите предизвикува инфекции, хронична болка, тешкотии при мокрењето и менструација, цистит и дури пречи за забременување.
Во голем број држави обрежувањето на жените е забрането, а Генералното собрание на ОН го прогласи во 2012 година како прекршување на човековите права.
Исмаил Бердиев прецизира дека исламот не проповеда обрежување на жените: “Севишниот ја создал жената, за да раѓа деца и да ги воспитува. А обрежувањето нема никаква врска со тоа да се спречува да раѓа. Но, види, би имало помалку разврат “.