
Владата ја откупи сопственоста на авиоремонтната фабрика “Авионамс” за 15 милиони евра.
“Бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за бугарската телевизија Nova TV на 12 август 2016 година, изјави дека Бугарија преговара со Русија за извршување на поправка на авиони” МиГ “[имајќи ги во предвид Миг-29] на вооружените сили на Бугарија, во неодамна национализираната од страна на владата авиоремонтена фабрика “Авионамс” во Пловдив “, пишува руското онлајн-издание bmpd.
“Вчера беше применo писмо од рускиот државен конзорциум [АО” Рособоронэкспорт “], коe по нашиот разговор со Владимир Путин објави дека тие го поканиле раководството на” Авионамс “на преговори во врска со можностите за продолжување на лиценцаат за поправка на” МИГ “,” сухој “и други летала”, рекол Борисов во интервју за Nova TV.
Борисов појаснил дека авиоремонтната фабрика “Авионамс” е приватизирана во 2012 година и се лишила од лиценца за поправка на летала. Владата ја откупила фабриката назад во август 2016 година за околу 28,9 милиони лева (15 милиони евра).
КОМЕНТАР:
АО “Авионамс” (Пловдив, Граф Игнатиево) е значајно бугарско воздухопловно претпријатие кое на почетокот на 1990-те години извршуваше сертифицирана поправка на авиони Миг-21, Миг-23, Миг-29, Су-22, Су-25 и L -39 и хеликоптери Ми-8/17 и Ми-24.
Во постсоциалистическиот период претпријатието стана катастрофален губитник и во 2008 година бугарската влада ги продаде 65% од акциите на фабриката, а во 2012 година и останатите 35% на компанијата “ТЕРЕМ – Георги Бенковски”, контролирана од олигархот и сопственик на Корпоративна трговска банка ( КТБ) Цветан Василев.
Потоа акциите се депонирани во оф-шор фонд “Хеџ инвестмент Бугарија”, регистриран на Британските Девствени Острови.
Преминувањето на “Авионамс” во приватни раце не ја среди радикално ситуацијата, при тоа ситуацијата се искомплицира, бидејќи по приватизацијата фабриката се лиши од лиценци од страна на РСК “МиГ” за поправка на авиони од семејството “МиГ” и на прво место на авионите МиГ -29, кои ќе се наоѓаат како оружје летала на воздухопловните сили на Бугарија уште долго време. Така со “Авионамс” замина голем дел од потенцијалната државна нарачка, а договорите за поправка на L-39 и хеликоптери беа малубројни и не профитабилни.
Во 2015 година банката КТБ банкротира, а во 2016 година нејзините средства се распродадени со цел покривање на обврските. Така државата стекна 99,97% од утврдените на сметката за обезбедување кредити и акции на фабриката од “Хеџ инвестмент Бугарија”.
Финансирањето на откупот е спроведено за сметка на кредит, доставен на државата од Бугарската банка за развој (ББР).